речник контакт

Овче Поле МИ - Борец 22:22 ( 11:10)

Нерешено во бурен и неизвесен финиш, иако велешани водеа во поголем дел од натпреварот. Борец по четири кола е втор со три победи и една нерешена средба.

Петар Печков

Дерби средбата од четвртото коло помеѓу Овче Поле и Борец, одиграна во Свети Николе заврши нерешено, без победник.

Велешките ракометари воедеа во поголемиот дел од средбата, единствено домаќините имаа предност од крајот на првото  и почетокот на второто полувреме( 29 мин 11:10 и 24 мин 13:11). Борец повотрно во водство се врати во 27-та минута 13:14, иако претходно во првите 30 минути имаше три гола предност 3:6 и 5:8. Во 55-тата минута велешани беа блиски до победата 18:20, но оваа предност не ја сочуваа а во последнеи две минути.

При резултат 22:22 имаа два напади за гол, додека домаќините еден но не реализираше никој. Кај велешани не фукнционираше играта според очекувањата, бидејќи двете крила на средбата добија многу малку употребливи топки, се играше преку средината, каде домаќините играа остро на моменти и грубо. Во ова посебно се истакна играчот со број 9  кој не бираше средства да ги сопре велешани, па во таквиот развој на играта ракометарот на Борец Игнов се здоби со повреде на носот.

Трагична  фигура со слабата игра во редовите на Борец беше Милосављевиќ, кој бегаше од топката  иако постигна три гола. Иако домаќините играа грубо тие добија само10 минути исклучувања, додека велешани 12. Кај Борец најмногу голови постингаа стандардно Димитриевски 7 и Илиев 5, додека кај овче Поле МИ Василевски 7 и Павлов 6.

В сабота во Велес во салата Гемиџии е големото дерви Борец - Пелистер, на двете првопласирани екипи на табелата по четири кола.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »